Премиерката Ардерн изјави дека е малку веројатно сертификати за вакцина да се користат во места како што се здравствени установи и супермаркети
Властите на Нов Зеланд денеска објавија дека се воведува сертификат за вакцина против ковид-19 како доказ за имунизација, кој ќе биде потребен од следниот месец за да може да се присуствува на масовни собири и други настани со висок ризик, што е дел од новиот пристап во борбата против ширењето на делта-сојот.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн рече дека сертификатите ќе помогнат да се спречи големите собири, како што се музичките фестивали, да се претворат во места со висок пренос на вирусот.
„Ова сега е вообичаено во странство и има смисла“,
изјави таа.
Ардерн, исто така, нагласи дека е малку веројатно сертификати за вакцина да се користат во места како што се здравствени установи и супермаркети.
Нов Зеланд беше меѓу малкуте земји што минатата година го намалија бројот на случаите на ковид-19 на нула и во голема мера беше без коронавирус до појавата на многу заразната делта-варијанта во средината на август.