Сообраќајот во Скопје се враќа во нормала откако од утрово голем број од улиците и булеварите беа затворени или полуотворени за сообраќај поради 17. Виз Ер Скопски маратон.

Од полицијата велат дека завршуваат активностите околу маратонот и сообраќајот полека се нормализира.

Улиците и булеварите кои беа дел од рутата по која се трчаше, беа затворени утрово од 7:30 часот. Стартот и целта на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон беа кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“.