Триесетгодишниот З.Н. од село Батинци е приведен ноќеска по полноќ во месноста Лавчани во Велес. Тој се барал со потерница за повеќе сторени кривични дела меѓу кои и два обиди за убиство.
Како што информира Министерството за внатрешни работи полициски службеници од САЕ Тигар во координација со АНБ ноќеска во 01.40 часот во месноста Лавчани на територија на Велес го приведоа З.Н. (30) од село Батинци кој се барал со потерница поради основано сомнение за повеќе сторени кривични дела, меѓу кои две за обид за убиство.
Лицето ќе биде предадено на надлежното обвинителство.