Новото издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (1 октомври 2021 г.) од 21:50 часот на ТВ Алсат
Ова издание требаше да биде предизборно соочување на кандидатите за градоначалник на Општина Кичево. Но, од тројца поканети, само еден прифати да учествува во дебата. Затоа, наместо соочување, ќе видите кратко интервју со независниот кандидат за градоначалник на Кичево, Фатмир Лимани, со кого ќе разговараме за неговата програма, како и за неговите односи со ДУИ, особено што Лимани е внук на лидерот Али Ахмети.
Во вториот дел од емисијата ќе ги сумираме засега јавно достапните податоци од штотуку завршениот попис на населението, домаќинствата и становите. Во студиото ќе биде директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кого ќе го прашаме за некои дилеми присутни во јавноста, како и за следните чекори во обработката на податоците. Дали синоќа соопштениот број на попишани во земјава – 1 832 696 граѓани може да се намалува по заднинското вкрстување на податоците од други бази, во смисла на точно одредување на бројот на резидентно население?
На крај ќе видите и нова „Саботажа“.
Емисијата почнува во 21:50 часот на ТВ Алсат.