Поради штрајкот на комуналните работници, кој трае веќе седум дена, купишта ѓубре може да се видат скоро во секоја улица во центарот на градот и неговата околина
Причина за штрајкот е одлуката на локалните власт да го зголемат бројот на работни часови на комуналните служби, без притоа да се зголемат платите
Градот Марсеј, на југот на Франција, е затрупан во ѓубре поради штрајкот на вработените во комуналните претпријатија, кои се противат на одлуката на локалните власти да им го зголемат работното време.
Одлуката на градот Марсеј да го зголеми работно време на 1 607 часа годишно (35 часа неделно) од 1 јануари следната година, без зголемување на платите, предизвика реакција од вработените во комуналните претпријатија кои одлучија да штрајкуваат. Тие моментално работат 1 286 часа годишно.
Властите потоа предложија компромисни 1 530 работни часа, но според реакцијата јасно е дека синдикатите не се задоволни од оваа понуда.

Речиси 10 синдикати го поддржаа штрајкот, а проблемот со ѓубрето на улиците најмногу го почувствуваа жителите на Марсеј и околината.
Со оглед на тоа дека властите инсистираат на донесените одлуки, се очекува штрајкот да потрае. Заменик-градоначалникот Роланд Мурен изјави дека тие мора да го почитуваат законот и дека не можат многу да променат во прописите.

Поради штрајкот, кој трае веќе седум дена, купишта ѓубре може да се видат скоро во секоја улица во центарот на градот и неговата околина. Купишта ѓубре опфатија и делови од улиците околу рестораните и кафулињата, особено во центарот на градот Порто Виео.
