Бугарскиот европратеник очекува Бугарија и С Македонија да работат заедно за конечно да се постигне сеопфатен и правно-обврзувачки патоказ за нормализирање на нивните односи
Очекувам Бугарија и Северна Македонија да ги намалат тензиите, да промовираат регионална стабилност и да работат заедно за конечно да се постигне сеопфатен и правно-обврзувачки патоказ за нормализирање на нивните односи и почнување на преговарачкиот процес, рече бугарскиот европратеник од ДПС-Обнова на Европа, Илхан Ќучук.
Тој денеска беше домаќин на тркалезна маса со амбасадорите на земјите од Западен Балкан во Брисел, неколку дена пред самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ, во Словенија. На прашање за односите меѓу Бугарија и Северна Македонија и можноста спорот да се реши што е можно поскоро. Ќучук ја коментирал ситуацијата, изразувајќи оптимизам, иако двете земји се во предизборна ситуација.
„Сѐ уште има време до крајот на годината да имаме позитивен развој, но за оваа цел потребно е двете земји да покажат политичко лидерство и одлучност“,
вели Ќучук.
Како што јавија од канцеларијата на европратеникот и известувач за С Македонија, кој е копретседател на АЛДЕ, во размената на мислења со дипломатите и европратениците од групата Обнова на Европа во Европскиот парламент за процесот на пристапување, Ќучук изразил и загриженост поради зголемените тензии меѓу Србија и Косово.
„Загрижени сме за неодамнешната ескалација на косовско-српската граница. На Западен Балкан не му требаат тензии и неизвесност, туку стабилност и кредибилна европска перспектива. Од витално значење е Белград и Приштина да покажат воздржаност и да се вклучат во конструктивен дијалог. Изминатите денови видовме случаи на насилство и одговорност е на носителите на одлуките да избегнат натамошната ескалација“,
рече Ќучук, како што пренесува МИА.
#WesternBalkans do not need an escalation of tension but a stable and credible #EU perspective. This was my message yesterday during the @RenewEurope meeting with the Ambassadors from the region.@MKmissionEU@AlMissionEU@SerbiainEU@KSEmbBxls@MONTENEGROtoEU@mfa_bih pic.twitter.com/wbAU8wJLVr
— Ilhan Kyuchyuk (@ilhankyuchyuk) September 30, 2021
–