Вулканот на шпанскиот остров Ла Палма во Атлантскиот Океан еруптираше на 19 септември по седумдневна силна сеизмичка активност
Лавата од вулканот на островот Ла Палма, на Канарските Острови, стигна до океанот, што се смета за потенцијално опасна појава, предупреди Вулканскиот институт на Канарските острови (Инволкан).
„Лавата стигна до морето во Плаја Нуева“,
објави институтот на Твитер синоќа, 10 дена по ерупцијата на вулканот.
Допирот на лавата, чија температура надминува 1 000 Целзиусови степени, со вода може да предизвика експлозии и да произведе облаци од токсичен гас.
Вулканот на шпанскиот остров Ла Палма во Атлантскиот Океан еруптираше на 19 септември по седумдневна силна сеизмичка активност.
Брзата евакуација помогна да се спречат жртви, иако беше предизвикана голема материјална штета.