Вулканот веќе една недела исфрла огромни количества лава, а на социјалните мрежи секојдневно се споделуваат видеа кои сведочат за катастрофата
Повеќе од седум дена реки лава течат од вулканот на шпанскиот остров Ла Палма. Материјалната штета што ја предизвикува оваа природна непогода е огромна, а на интернет сѐ почесто се појавуваат снимки од катастрофата со која се соочува овој канарски остров.
На Твитер се појави видео на кое се гледа како локалната црква исчезнува во облак од чад и буквално е „проголтана“ од лавата.
???Video: Church collapses as Lava flows over the Canary island of #LaPalma. pic.twitter.com/e4lTw1Ym1H
— Terror Alarm (@terror_alarm) September 27, 2021
Вулканот на островот Ла Палма, кој припаѓа на Канарските Острови, еруптираше пред една недела, првпат од 1971 година, поради што што беа евакуирани околу 6 000 луѓе што живеат во близина на вулканот.
Нема повредени, но причинета е голема материјална штета.