Тод подразбира потврда за прележаност, за вакцинирање или негативен тест и се однесува на сите што ќе влезат во болниците без разлика дали се медицински работици или некој што треба да заврши некаква работа
Од 1 октомври, Хрватска ќе воведе сертификат за здравствените работници, а условите за издавање се лицето да прележало ковид, да е тестирано или дека е вакцинирано.
Ова на прес-конференција го соопшти министерот за здравство, Вили Берош, и посочи дека сите медицински работници, но и сите немедицински работници што влегуваат во болничкиот круг, мора да имаат сертификати за да завршат некоја друга активност. Тој рече дека се планира тестирање двапати неделно, кое на почетокот ќе биде бесплатно, но не засекогаш.
„Ако некој не сака да биде тестиран, нема да може да биде на работа и тоа ќе биде внесено во евиденцијата за работното време и нема да добие надомест за тоа отсуство“,
рече Берош и предупреди дека ако се појават вакви случаи, неопходно е да се обезбеди замена.
Отсуството од работа од овие причини ќе се третира според законот и за време на отсуството нема да примаат плата.
„Поважно е да се нагласи дека целата постапка во врска со сертификатот е насочена кон безбедност. Тоа нема цена“,
рече Берош.
Тој повтори дека работниците кои не се поврзани со здравството, а кои влегуваат во болничкиот круг како сервисери, доставувачи, пекари, исто така, ќе треба да имаат сертификати.
