Најпознатиот музички текстописец во регионот, Марина Туцаковиќ, почина на 67-годишна возраст по долго и тешко боледување.
На почетокот на 2018 година, на Туцаковиќ и беше дијагностициран малиген тумор на дојката, по што наскоро била оперирана, но не успеа да ја победи болеста. Нејзината состојба дополнително се влошила во изминатите денови откако се заразила со коронавирусот.
Нејзиниот сопруг, Александар Фута Радуловиќ, за спрските медиуми ја потврди веста за нејзината смрт.
„Вистината е. Не ме прашувај ништо. Ви благодарам за разбирањето“,
изјавил Радуловиќ.
Туцаковиќ напиша бројни хитови со најголемите sвезди од музичката сцена на поранешна Југославија. Таа беше член на жирито во музичките шоуа „Операција триумф“ и „Пинкови sвездички“.
