Во новата верзија на предлог-измените и дополнувањата на Законот за Советот на јавни обвинители е додадена одредба која предвидува примена на Законот за јазици во работата на Советот на обвинители, а се предвидува и Бадентер при изборот на обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал. Овие одредби ги нема во верзијата што ја повлече Владата
Дали овие промени, кои не личат на технички, се причината за повеќечасовното одлагање на собраниската седница, нема информација
„360 степени“ направи брза анализа на повлечените и новодоставените предлог-закони за јавно обвинителство и за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители. Образложението на Владата е дека станува збор за технички усогласувања. Еве што покажа нашата споредба:
Во предлог-законот за јавно обвинителство разликата е во последниот член 113. Во законското решение што го повлече Владата пишуваше дека актот влегува во сила осмиот ден од објавувањето во Службен весник, а се применува од 30 јуни 2020 година.

Во новата верзија на предлог-законот се наведува дека влегува во сила и се применува од 30 јуни 2020 година.

Законот за јазици заборавен кај Советот на јавни обвинители
Во предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители, пак, разлика се забележува уште во членот 1. Во повлечената верзија, членот 1 гласи:

Член 1 во новата верзија на предлог-законот со исто име има сосема различна содржина и се однесува на примена на одредбите од Законот за јазици во работата на Советот на јавни обвинители.

Додаден и Бадентер при изборот на обвинители во организиран криминал
Видлива е и промената во предложените измени на член 41 од Законот за Советот на јавни обвинители, кој сега гласи:

Во верзијата што ја повлече Владата беше содржана следната одредба:

Сега во новата верзија воопшто ја нема таа одредба, а наместо неа, примената на двојното бадентерово гласање е предвидено и при изборот на обвинители во Обвинителство за гонење организиран криминал. Ова е таа нова одредба:

Техничко или политичко услогласување?
Од Владата соопштија дека предлог-законите, по синоќешната владина седница, биле испратени во Собранието со одредени технички грешки и без некои одредби што биле усогласени, па затоа се повлечени и се испратени усогласени верзии. Но, ако станувало збор само за технички, а не и за политички разлики (меѓу СДСМ и ДУИ), тогаш нејасно е зошто почетокот на 134-та седница доцнеше четири часа.
Претходно во денот лидерот на ДУИ, Али Ахмети, даде изјава со која навести можно несогласување со првичните верзии на законите испратени во парламентот.