Холандската амбасада во Северна Македонија соопшти дека патниците кои доаѓаат од високоризичните земји од 22 септември нема да треба да одат во карантин, но за нив ќе остане обврската за задолжителен тест

За македонските граѓани и патниците кои од земјава ќе патуваат во Холандија, а се целосно вакцинирани, од 22 септември ќе се укине обврската за задолжителен карантин.
Холандската амбасадата во Северна Македонија соопшти дека ќе остане задолжителна за вакцинираните патници од земјите со висок ризик.
„Од 22 септември, обврската за карантин за целосно вакцинираните ќе се укине. Ова значи дека сите патници кои се целосно вакцинирани и доаѓаат од областите со висок ризик, повеќе нема да треба да одат во карантин по пристигнувањето во Холандија. За целосно вакцинираните кои доаѓаат од високоризичните региони останува обврската за тест“,
пишува Холандската амбасада во објавата на Фејсбук.
Холандија ја смести Северна Македонија на листата земји со висок ризик за зараза и од 6 септември за сите патници од земјава, без разлика дали се вакцинирани или не, воведе задолжителен тест и карантин од 10 дена.