Авганистанската влада се надеваше дека поради антиталибанскиот став и военото искуство, Абдул Рашид Достум ќе може да обезбеди работна сила и оружје и да го спаси Авганистан. Но тој не успеа во тоа, па беше принуден да ја напушти земјата и да замине во родниот Узбекистан
Пред да влезат во претседателската палата во Кабул, талибанците шетаа по луксузните вили на авганистанските воени водачи што ги окупираа. Оттогаш помина речиси еден месец и таа практика не е запрена – светските агенци објавија нови фотографии овој пат од вилата на поранешниот потпретседател на Авганистан, Абдул Рашид Достум.
Во неговата луксузна вила во Шерпур, Кабул, со скапи теписи, раскошни лустери, базен и тропска стаклена градина, во моментов живеат 150 талибански борци, кои иако живеат во неа, велат дека го осудуваат начинот на живот на Абдул.
Ова не е неговата единствена куќа во која живеат талибанци – вилата во Мазар беше окупирана во август. Мазар инаку е познат како град чие земјиште нелегално го одзеле државните службеници за да изградат луксузни вили на него.
Абдул Рашид Достум е поранешен воен лидер, командант и потпретседател кој се бореше со талибанците во последните 30 години. Честопати посочуваше дека во овие „битки“ го одржува омразата кон нив.
Тој е исто така еден од нивните најжестоки непријатели, па затоа не е изненадувачки што сметаат дека влегувањето во неговата куќа е победа, и толку е важно што, за да го покажат својот плен, се фотографираа во секој агол од вилата, објави АФП.
Авганистанската влада се надеваше дека поради антиталибанскиот став и военото искуство, Абдул ќе може да обезбеди работна сила и оружје и да го спаси Авганистан. Но тој не успеа во тоа, па беше принуден да ја напушти земјата и да замине во родниот Узбекистан.