По тридневна дистанца од јавноста, премиерот оцени денеска и дека континуирано расте просечната плата, а дека стапката на невработеност е на историски ниско ниво
Премиерот Зоран Заев се јави со оценка дека е забележан историски раст на бруто домашниот производ во вториот квартал од годинава, по тридневна дистанца од јавноста, во деновите на жалост поради трагедијата во Тетово, додека опозицијата го критикуваше дека поради отсуството.
„Инвестициите, вработувањата и повисоките плати го менуваат животот на подобро. Владата продолжува со посветена работа и добри економски политики за подигнување на животниот стандард. Економијата бележи историски раст на бруто домашниот производ од 13,1 отсто во вториот квартал. Просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28 744 денари, што е за седум проценти, односно за 1 877 денари повеќе во однос на јуни минатата година“,
наведува премиерот Заев во објавата.
Тој потенцира дека државата бележи историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9 отсто, со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината.
„Успешните економски политики даваат резултати“,
додава премиерот во објавата на Фејсбук.
Заев вчдера, исто така, со пишана изјава се обрати до јавноста, во врска со оставките на министерот за здравство Венко Филипче и на заменик-министерот Илир Хасани, како и на неколку директори од Тетово.