Како што соопштуваат од ЦУК, не постои можност за проширување на пожарот кон селата Карабуњиште и Сл’п
Пожарот покрај пругата Скопје-Велес, кај село Сл’п, кој почна вчера околу 13 часот и и натаму е активен, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), додавајќи дека огнот зафаќа површина од околу 200 хектати и дека горат нискостеблеста шума, трња и габер.
Моментно на терен се екипа од Шумското стопанство „Бабуна“, со 10 вработени и шест пожарникари од велешката противпожарна единица, со две возила.
Како што соопштуваат од ЦУК, не постои можност за проширување на пожарот кон село Карабуњиште и село Сл’п.
„Пожарот во 13 часот е ставен под контрола во горниот фронт, додека во долниот дел околу железничката станица, поради ради временските услови, односно појава на ветер, пожарот повторно е активен и е во непристапен терен“,
велат од таму.
За гасење на пожарот, „Македонски железници“достави околу 200 литри вода, а активиран е и противпожарниот воз.