Хрватскиот вицепремиер Давор Божиновиќ вели дека е можно воведување задолжителна вакцинација и дека треба интензивно да се разговара и додаде дека посебен акцент ќе биде ставен на ранливите групи, како што се оние во болниците или домовите за стари лица
Хрватскиот вицепремиер и началник на Штабот за цивилна заштита Давор Божиновиќ најави дека е можно воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот во оваа земја.
Говорејќи за зголемувањето на бројот заразени, Божиновиќ рече дека туристичката сезона оваа година била подобра од 2019 година и дека се очекува зголемување на бројот на заразени.
„Не сме изненадени од зголемувањето на бројот на заразени луѓе, влегуваме во есен и затоа постојано зборувам за препораки што се сведуваат на физичка дистанца, носење маски во затворени простории, проветрување во затворени простории и вакцинација“,
рече Божиновиќ.
Тој објасни дека кога се ќе се земе предвид и кога се разгледуваат искуствата од светот, вакцинацијата се смета за единствен излез и мора да се инсистира на тоа.
Министерот рече дека е можно воведување задолжителна вакцинација и дека треба интензивно да се разговара и додаде дека посебен акцент ќе биде ставен на ранливите групи, како што се оние во болниците или домовите за стари лица.
„Овој вирус нема да се искорени така лесно“,
рече Божиновиќ.
Тој потсети дека на почетокот на пандемијата, оптимистичките сценарија беа дека околу две милијарди луѓе ќе останат невакцинирани, и во тие средини, вирусот ќе се шири со нови варијанти.
„Животот не смее да запре поради сето ова, мислам дека ние во Владата и во Штабот покажавме многу висок степен на разбирање за она што луѓето можат да го прифатат во даден момент. Нашите мерки никогаш не биле толку строги, ниту биле придружени со какво било репресивно однесување на полицијата, но не можеме да дозволиме вирусот да се шири без никакви мерки“,
рече Божиновиќ.
Тој најави дека нема да има нови затворања или полициски час, но дека единствената вистинска заштита се вакцинациите.
