Нов Јужен Велс, каде што се наоѓа Сиднеј и најнаселената држава во Австралија, е во карантин – како и градовите Мелбурн и Канбера
Властите во третата најнаселена сојузна држава во Австралија, Квинсленд денеска најавија дека е можно да се воведе карантин, откако е регистриран рекорден дневен пораст на заразени со коронавирус.
Во Квинсленд, каде живеат 5 милиони луѓе, откриени се пет нови случаи на заразени во изминатите 24 часа, откако цело едно семејство било позитивно. Следните неколку дена ќе бидат критични за да се види дали е потребе карантин.
„Ако забележиме какво било ширење, тогаш можеби ќе треба да преземеме многу брза, брза акција. Но, во моментов, мерките се однесуваат само семејството”,
изјави премиерката Анастасија Палашчук.
Семејството живее во Бризбејн, главниот град на државата.
Нов Јужен Велс, каде што се наоѓа Сиднеј и најнаселената држава во Австралија, е во карантин – како и градовите Мелбурн и Канбера. Воведување карантин во Квинсленд се смета за голем удар врз економијата на Австралија, која може да влезе во втора рецесија за краток период.

Австралија денеска објави 2 077 нови заразени, во споредба со 1 903 претходниот ден. Во Нов Јужен Велс, кој е под строги мерки речиси три месеци, објави 1 599 нови заразени за 24 часа.
Властите ги предупредија граѓаните денеска да продолжат со физичкото дистанцирање, но топлото време низ Сиднеј натера многумина да дојдат на плажите.
Министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Бред Хазард објави дека полицијата ќе проверува дали се почитува мерката за оддалечување на само 3 километри од своите домови. Полицијата и воениот персонал со недели патролираат низ улиците во Сиднеј, при што се изрекуваат парични казни за оние што ги прекршуваат здравствените мерки, како што е носењето маска.
Еден од оние кои добија казни е и поранешниот премиер Тони Абот, кој во саботата потврди дека треба да плати 500 австралиски долари (367 долари), откако бил фотографиран дека не носи маска.
„Јас сметам дека моето однесување е во рамки на законот. Но, нема да ја оспорувам казната затоа што не сакам да ѝ го губам времето на полицијата”,
изјави Абот за новинарите во Сиднеј.
Во соседната држава Викторија, властите пријавија 450 нови случаи кои се резултат на локална трансмисија, што енајголем еднодневен пораст на вакци случаи во повеќе од една година.
Во Австралија, од почетокот на пандемијата, се регистрирани 73 000 случаи на ковид-19 и 1 084 починати.
