Искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и најдобри желби за брзо закрепнување на повредените, напиша на Твитер евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир
Европската Унија изразува сочувство по трагедија што настана синоќа во модуларната болница во Тетово.
„ЕУ испраќа најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на овој трагичен пожар во модуларната болница во Тетово специјализирана во третманот на пациентите болни од ковид. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените“,
наведува во изјавата портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро испратена до МИА.
Сочувство изрази и амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.
„Нашите мисли се со тетовци утрово по трагичниот пожар во модуларната болница. Искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и најдобри желби за брзо закрепнување на повредените“,
напиша Гир на Твитер.
Причините за пожарот што избувна синоќа сѐ уште не се познати, а во тек е увидот од страна на ОЈО и МВР.