Со ова СДСМ ги објави сите 69 кандидати за градоначалници со кои ќе настапи на претстојните избори во октомври
Актуелниот градоначалник на Кочани, Николчо Илиев, ќе се бори за втор мандат како кандидат на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, соопшти СДСМ.

„Со бројните реализирани проекти, со големата поддршка од граѓаните и членството, Илиев е најдобрата понуда за Кочани и за следните четири години. Кочани мора да продолжи да се развива и напредува, а тоа е возможно само со Илиев и СДСМ на чело на општината“,
велат од СДСМ.
Со ова СДСМ ги објави сите 69 кандидати за градоначалници со кои ќе настапи на претстојните избори во октомври.
Лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, попладнево го потпиша и договорот со уште 20 партии за заеднички настап на претстојните избори.