Експлозијата се случила во деветкатна зграда во Ногинск, 50 километри источно од Москва, при што уништени се околу 30 станови. Локалните власти евакуирале 170 луѓе од зградата
Во експлозија на гас во рускиот град Ногинск, недалеку од Москва, загинаа две лица, а петмина се повредени, соопшти полицијата.
Експлозијата се случила во деветкатна зграда во Ногинск, 50 километри источно од Москва, во долниот дел од зградата, а според првите информации, првите три ката претрпеле најголема штета, при што уништени се околу 30 станови. Локалните власти евакуирале 170 луѓе од зградата.
Во експлозијата загинаа маж и жена, а петмина се повредени. Се уште нема информации дали има некој под урнатините.
Властите започнаа кривична истрага за експлозијата, што е вообичаено во вакви случаи.