Грчката влада формираше ново министерство за справување со климатските промени, а на чело на новата институција е назначен поранешниот комесар на Европската унија, Христос Стилијанидес (63).
Стилијанидес, кој беше комесар за хуманитарна помош и справување со кризи од 2014 до 2019 година, е ангажиран да ја обнови земјата од големите шумски пожари што зафатија летово повеќе од 1 000 квадратни километри на југот на Грција и островот Евија.
Христос Стилијанидес е државјанин на Кипар и ќе добие грчко државјанство пред положувањето заклетва закажана за в петок.
„Ја прифатив оваа позиција свесен за предизвиците што ги носи со себе. Последиците од климатските промени се насекаде околу нас и ние мора да делуваме без одлагање“,
рече тој.
Новото министерство ќе се занимава со борба против шумски пожари, кризни ситуации и политики кои ќе ги ублажат последиците од климатските промени.