Централната манифестација „30 години независност“ треба да се одржи пред Собранието на 8 септември
Неколку улици во центарот на Скопје од утрово се затворени на неколку часа затоа што се одржува генерална проба за настанот закажан за 8 септември по повод 30 години независност.
Улиците ќе бидат затворени во два наврати. Првото затворање започна утрово во 7:30, а ќе трае до 12:30 часот. Попладне, повторно ќе се затворат во периодот од 15:30 до 20 часот.
Станува збор за:
- Бул. „Кочо Рацин“ на потег од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до ул. „Кирил и Методиј“;
- Ул. „11 Октомври“ на потег од ул. „Крушевска Република“ до ул. „Димитрие Чуповски“;
- Ул. „Филип Втори“ на потег од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11 Октомври“;
- Кеј „13 – ти Ноември“ на потег од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“;
- Ул. „Мирче Ацев“ на потег од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“;
- Ул. „Димитрија Чуповски“ на потег од порта Македонија до бул. „Климент Охридски“;
- Ул. „Даме Груев“ од крстосница со ул. „Македонија“ до ул. „11 Октомври“.
„Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот“,
велат од Владата.
Централната манифестација „30 години независност“ треба да се одржи пред Собранието на 8 септември. Најавено е обраќање на шефот на државата, Стево Пендаровски, премиерот, Зоран Заев, како и на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој ќе има видео-обраќање.