Новинарката Барбара Видмајер на социјалните мрежи објави и видео, а потоа изјави дека полицијата морала да ги одвлече надвор антиваксерите бидејќи не сакале да излезат од студиото
Група демонстранти кои се противат на вакцинацијата и епидемиолошките мерки и го негираат постоењето на коронавирусот соноќаа упаднаа во студио на ТВ Словенија.
Во инцидентот што се случи вчера околу 20:30 часот кога антиваксерите влегле во студиото каде се снимаат вестите и ги навредувале и им се заканувале на новинарите. Мораше да интервенира и полицијата за да ги отстрани демонстрантите.
Новинарката Барбата Видмајер на социјалните мрежи објави и видео од упадот, а во изјава за Н1 раскажува дека демонстрантите ја прескокнале врата од дворот на зградата и преку ходниците стигнале до студиото. Со оглед дека не сакале да ги напуштат просториите, полицијата морала да ги одвлече надвор.
Новинарот Грегор Дрновшек, пак, изјави дека протестите досега биле мирни, а новинарите досега биле мета само на индивидуални негодувања од демонстрантите.
„Со часови слушавме разни теории на заговор, обвинувања дека ние од телевизијата сме убијци, гниди и трујачи. Тоа предизвика нервоза, лошо расположение, па дури и бес меѓу вработените“,
вели новинарот.
Антиваксерите со недели протестираат пред словенечката телевизија барајќи да им се даде простор да ги изразат своите ставови за коронавирусот и епидемијата со ковид-19.
Vdor proticepilcev v dnevniški studio. #napadnartv pic.twitter.com/PpHLwyrYdo
— Barbara Vidmajer (@bvidmajer) September 3, 2021