Жената починала во болнички услови во Окланд. Таа имала коморбидитети и според информациите на надлежните се заразила од нејзин член на семјеството
Во Нов Зеланд е регистриран првиот смртен случај од ковид од месец февруари. Станува збор за 90-годишна жена која е 27 смртен случај од почетокот на епидемијата во оваа земја и прва од 16 февруари оваа година.
Жената починала во болнички услови во Окланд. Таа имала коморбидитети и според информациите на надлежните се заразила од нејзин член на семјеството.
Владата на Нов Зеланд од средината на август воведе рестрикции во целата земја бидејќи се зголеми бројот на заразени. Премиерката Џасинда Ардерн предупреди дека новиот бран на делта варијантата сè уште не го достигнал пикот.
Во последното деноноќие во Нов Зеланд се регистрирани 19 нови случаи на ковид.
