Здравствените власти апелираат до граѓаните да се имунизираат истакнувајќи дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата
Вкупно 544 488 граѓани до вчера примиле две дози од вакцина против ковид-19, информира Министерството за здравство. Вакцинацијата на сите пунктови низ земјата се одвива нормално, а само во текот на вчерашниот ден прва доза на вакцина примиле 4 251 лице, додека пак се ревакцинирале дури 13 219.
„Со последните бројки 53 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител“,
информираат од Министерството.
Здравствените власти апелираат до граѓаните да се имунизираат истакнувајќи дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.
„Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“,
велат од Министерството.