САД, на 31 август го завршија повлекувањето на своите воени сили од Авганистан, по 20 години присуство во оваа земја
Најмалку 50 илјади евакуирани Авганистанци треба да бидат примени во САД по падот на Кабул во рацете на талибанците, изјави американскиот министер за безбедност, Алехандро Мајоркас.
Како што пренесува Гласот на Америка, Мајоркас рекол дека приемот на Авганистанците е дел од „трајната посветеност“ на Вашингтон кон луѓето кои им помогнаа на Американците за време на војната во Авганистан и другите кои беа загрозени поради доаѓањето на талибанците на власт.
„Имаме морална обврска да им помогнеме на овие луѓе“,
вели Мајоркас.
Повеќе од 40 илјади Авганистанци веќе ги поминале безбедносните проверки и пристигнале во САД. Сè уште не е точно познато уште колку ќе дојдат во САД или колку време ќе трае процесот на нивно префрлање од други земји, кои привремено ги прифатија.
САД, на 31 август го завршија повлекувањето на своите воени сили од Авганистан, по 20 години присуство во оваа земја.