Претседателот на САД даде наредба за преглед на владините документи поврзани со терористичките напади во 2001 година
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша указ за преглед на некои владини документи, поврзани со терористичките напади од 11 септември 2001 година, со цел нивна евентуална декласификација, соопшти прес-службата на Белата куќа.
„Информациите што се собрани и акумулирани за време на истрагата за терористичките напади од 11 септември од американската администрација сега мора да бидат откриени, освен ако нема посериозни причини кои го тврдат спротивното“,
се наведува во декретот.
Во текстот се наведуваат документите кои треба да се разгледаат. По завршувањето, министерот за правда на САД, кој е и главен обвинител, мора да му достави извештај на претседателот по консултација со раководители на други оддели.
Документите кои ќе се декласифицираат треба да бидат објавени во рок од шест месеци.
Наредбата, која доаѓа нешто повеќе од една недела пред 20-годишнината од нападите, е значаен момент во долгогодишната расправа меѓу владата и семејствата за тоа кои доверливи информации за нападите би можеле да бидат објавени. Тој конфликт дојде до израз минатиот месец, кога околу 1 800 роднини, преживеани и поддржувачи нзастапија против учествона Бајден во спомен -настаните по повод годишнината од 11 септември, доколку документите останат класифицирани, пренесува Еј-би-си њуз.