Од Здравствениот дом во овој град за српските медиуми велат дека жителите речиси се откажале од заштита, а за ваквата лоша ситуација придонесува и минималниот интерес за вакцинација
Епидемиолошката состојба во српскиот град Крагуевац е критична, каде, според тамошните медиуми има најголем процент на позитивни од бројот на тестирани. Од Здравствениот дом Крагуевац за телевизијата Н1 соопштиле дека секое трето лице што е тестирано е позитивно на коронавирус а меѓу децата секое второ.

Секојдневно во овој град се прегледуваат меѓу 450 и 550 лица, а вчера имало 182 позитивни.
„Вчера ја отворивме и Детската клиника за ковид – од 60 прегледи, 32 деца беа позитивни“,
изјавила Даниела Петровиќ од Здравствениот дом Крагуевац за Н1.
Здравствените власти апелираат до жителите на Крагуевац да се придржуваат до епидемиолошките мерки и да носат маски, наведувајќи дека се чини дека луѓето во овој град се откажале од заштита.
Крагуевац има најмногу заразени луѓе, во однос на бројот на жители во цела Србија. Како една од причините за вака виисоката стапка на заразени е и тоа што има многу мал иинтерес за вакцинација.
На вакциналните пунктови, медиумите јавуваат дека има претежно пензинери и бројот на оние кои чекаат ред за вакцина е минимален.
Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, од тестирани 16 134 лица, 3 524 се позитивни, а 15 починале.
Вкупно има 1 347 хоспитализирани, од кои 79 се на респиратор.
Од јуни минатата година до мај оваа година, вонредна ситуација беше во сила во овој град.