Вонредна состојба беше прогласена синоќа во Њујорк, откако тој беше погоден од ураганот Ида и предизвика целосен колапс и хаос на улиците
Најмалку 23 лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните врнежи во североисточниот дел на САД.
Меѓу загинатите во Њујорк и Њу Џерси има и двегодишно дете. Во Мериленд е пронајдено тело на 19-годишно момче во поплавен стан.
Службите за итни случаи во Њујорк пронашле безживотни тела на пет лица во поплавен стан.

Вонредна состојба беше прогласена синоќа во Њујорк, откако тој беше погоден од ураганот Ида и предизвика целосен колапс и хаос на улиците. Сообраќајот е забранет и само приоритетните возила можат да бидат на улица, а метрото е прекинато бидејќи водата навлезе во повеќето станици.
Градоначалникот Бил Де Бласио апелираше до граѓаните да останат во своите домови за да избегнат опасност. ВО серијата твитови тој објави дека околу 5 300 домаќинства се без струја.

Во Централ Парк за само еден час наврнале 80 милиметри дожд на метар квадратен, што е најголемата количина досега забележана на таа локација. Рекордот досега беше 39 милиметри, регистриран во 1927 година. Податоците за количината на врнежи во Њујорк се чуваат од 1869 година.

На социјалните мрежи од синоќа се споделуаат драматични видеа од метрото во Њујорк.
Wild scene in the subway tonight #subwaycreatures #ida pic.twitter.com/G5MJp1qGhw
— Rick (@SubwayCreatures) September 2, 2021
Најтешко погодени се предградијата на Њу Џерси, каде што има голем број уништени куќи, а бројот на жртвите се зголемува од час во час.
Меѓу загинатите има и деца и стари лица кои не успеале да се евакуираат навреме.
Каако причина за смртта се наведува задушување.
Американската управа за океани и атмосфера соопшти дека ваков дожд врне еднаш во 500 години.