Се зголемуваат очекувањата на нашите европски партнери за Софија да направи компромис во спорот со Скопје. Бугарија е за европска интеграција на Западен Балкан и Скопје, но тоа не треба да биде на сметка на бугарскиот национален интерес, изјавил бугарскиот претседател
Претседателот на Бугарија Румен Радев за БНТ изјави дека притисокот врз Бугарија во наредните месеци на тема Република Северна Македонија ќе продолжи да се зголемува.
„Се зголемуваат очекувањата на нашите европски партнери за Софија да направи компромис во спорот со Скопје. Бугарија е за европска интеграција на Западен Балкан и Скопје, но тоа не треба да биде на сметка на бугарскиот национален интерес“
вели Радев за БНТ кој учествува на Бледскиот стратешки форум., додавајќи дека оваа позиција ја искажал пред претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и американскиот заменик -помошник државен секретар Метју Бојс.
„Ги повикав нашите европски партнери да не вршат притисок само врз Бугарија. Верувам дека со заеднички напори ќе постигнеме одржливи решенија, но тоа не може да се направи на сметка на бугарскиот национален интерес“,
вели Радев за БНТ.
Истовремено вели дека ги повикува и сите партии дома од кои зависи формирањето на влада дека токму поради зголемувањето на ваквиот притисок врз Бугарија, на земјата и треба влада и функционален парламент кој, како што вели, јасно ќе ја брани националната позиција пред европските партнери.
Според него, Резолуцијата која во јули беше изгласана во Парламентот во Северна Македонија го зацементира неспроведувањето на Договорот за соседство од 2017 година.
Претседателот на Бугарија повторил дека главен приоритет на бугарската надворешна политика останува европската интеграција на Западен Балкан и дека Бугарија е најзаинтересирана Република Северна Македонија да стане членка на ЕУ, но, како што рекол, да ги исполни своите обврски.
Радев, исто така, во Блед изрази очекување дека ќе се почитуваат правата на лицата со „бугарска самосвест“ во Северна Македонија, ќе се елиминира негативната слика за Бугарија во учебниците, спомениците и медиумите и ќе прекине говорот на омраза.
Бугарскиот претседател им се заблагодарил на претседателот Стево Пендаровски и на премиерот Зоран Заев за продолжувањето на дијалогот на највисоко ниво, во која насока се систематските напори на преодната влада на Бугарија.
БНТ објавува и изјава на премиерот Заев во која тој изразува надеж дека Бугарија наскоро ќе има стабилна влада со цел да ги продолжи разговорите за европската интеграција на Скопје.