Берлинскиот процес е политичко-дипломатска иницијатива, која почна во август 2014 година од страна на германската канцеларка Ангела Меркел
Најважната компонента на Берлинскиот процес е таканаречената „Агенда за поврзување“, која првично има за цел да ги поврзе шесте земји од Западен Балкан во областа на транспортот и енергетиката
Германската канцеларка Ангела Меркел на 14 септември ќе допатува во неколкучасовна посета на Тирана, а целта е да се даде нов поттик на Берлинскиот процес започнат во 2014 година, јави МИА од Тирана.
„Заедно со премиерот Еди Рама, во Тирана, Меркел ќе седне на иста маса со лидерите на другите земји од Западен Балкан кои го прифатија овој процес, чија цел е да ја олесни регионалната соработка помеѓу шесте земји од Западен Балкан. На средбата нема да биде српскиот претседател Александар Вучиќ, бидејќи се работи само за претседатели на влади“,
пренесува Топ чанел.
Ова е вторпат Меркел да дојде во Тирана, по посетата во јули 2015 година.
Берлинскиот процес е политичко-дипломатска иницијатива, која почна во август 2014 година од страна на германската канцеларка Ангела Меркел.
Учесниците во процесот се земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, а нејзини коспонзори и поддржувачи се неколку земји членки на ЕУ, како Германија, Франција, Австрија, Италија, Велика Британија, Полска, Грција, Хрватска, Словенија и Бугарија.
Најважната компонента на Берлинскиот процес е таканаречената „Агенда за поврзување“, која првично има за цел да ги поврзе шесте земји од Западен Балкан во областа на транспортот и енергетиката.
„Самитите одржани во Германија, Австрија, Франција и Италија помогнаа да се воспостави комуникација меѓу балканските лидери, како и да се дизајнираат неколку инфраструктурни проекти. Одобрените проекти за секоја од шесте земји од Западен Балкан се финансирани делумно од механизмите на ЕУ, а делумно од самите нив“,
наведува албанската телевизија.