Членките на ЕУ во понеделникот се согласија да ги отстранат САД, Израел, Косово, Либан, Црна Гора и Северна Македонија од листата на безбедни земји, што значи дека патниците од тие земји треба да подлежат на построги гранични контроли, како што се тестови за ковид-19 или карантин
Хрватска нема да ја следи препораката на Европската Унија (ЕУ), која ги отстрани САД од листата на безбедни земји кога станува збор за незадолжителни патувања за време на епидемијата на коронавирус, изјави хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ.
Членките на ЕУ во понеделникот се согласија да ги отстранат САД, Израел, Косово, Либан, Црна Гора и Северна Македонија од листата на безбедни земји, што значи дека патниците од тие земји треба да подлежат на построги гранични контроли, како што се тестови за ковид-19 или карантин.
„Тоа е препорака. Имаше ситуации и порано, кога Хрватска не ги следеше препораките на ЕУ, па кога станува збор за американските граѓани, нема да го направи тоа ниту овој пат. Знаеме дека Американците најчесто доаѓаат кај нас како туристи, што значи дека ги исполниле сите епидемиолошки услови за патувањето“,
рече Божиновиќ.
Хрватскиот министер, кој во вторникот присуствуваше на состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел, рече дека хрватските епидемиолози оцениле дека американските граѓани не претставуваат ризик за Хрватска, како и израелските граѓани.