Американскиот претседател им порача на ИСИС дека битката против тероризмот не е завршена
Откако Америка вчера ја заврши својата најдолга војна и се повлекоа од Авганистан, денеска претседателот Џозеф Бајден се обрати на нацијата. Тој рече дека нема намера да ја продолжи бескрајната во Авганистан, пренесе Гласот на Америка.
„Што се однесува до ИСИС, ние сè уште не завршивме со вас“,
им порача Бајден на терористичката група.
Бајден вели дека одбива да отвори уште една деценија војна во Авганистан, откако беа загубени над 2 000 животи, а 13 се случија само оваа недела.
„Ние никогаш нема да заборавиме и нема да ви простиме. Ќе ве гониме до крајот на светот ако треба и ќе платите висока цена“,
рече Бајден до секој што им се заканува на Соединетите држави, повторувајќи ја поентата што ја истакна минатата недела.
Бајден вели дека ја презема одговорноста за одлуката за повлекување и не се согласува со оние кои велат дека требало да започне со евакуација порано.
