Околу 7 000 луѓе протестираа вчера вечер во центарот на Атина против задолжителната вакцинација на здравствените работници против коронавирусот, што ќе стапи на сила в среда
Повеќе од 5,7 милиони од 10,7 милиони луѓе во Грција се целосно вакцинирани, но ширењето на делта-сојот во земјата е загрижувачко
Илјадници Грци, противници на вакцинацијата против коронавирус, протестираа синоќа во Атина, при што дојде жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Демонстрантите носеа национални знамиња и транспаренти „Ние не сме против вакцините, но ние сме против фашизмот“ или „Да живее демократијата“.

Кон крајот на протестот на плоштадот Синтагма, каде говорниците ги критикуваа плановите на владата на Кирјакос Мицотакис за воведување задолжителна вакцинација за здравствените работници и студентите, младите почнаа да фрлаат со шишиња, петарди и молотови коктели кон полицијата.
Police violence against Peaceful protest in Athens Greece against government mandatory vaccinations #Greece #NoVaccinePassportAnywhere #Μητσοτακης #μητσοτακη_παραιτησου https://t.co/Iy6Abwkvc8
— Angela (@grangelak) August 29, 2021
Полицијата, според која на протестот имало меѓу 7 000 и 8 000 демонстранти, одговори со солзавец, шок бомби и водени топови.

Повеќе од 10 000 противници на задолжителната вакцинација на здравствениот кадар протестираа во неделата вечерта и во Солун, но таму тие мирно се разотидоа на крајот од митингот.
Во Грција, 5,7 од 10,7 милиони луѓе се целосно вакцинирани, но бројот на нови инфекции и хоспитализации скокна во последните недели.
Во неделата имаше 1 582 нови случаи на коронавирус во Грција, 37 починати, а повеќе од 330 луѓе се на респиратор во болниците.
Високо заразниот вид на делта сојот е најзаслужен за тоа, а новите инфекции се претежно регистрирани кај невакцинирани луѓе.
Во среда, 1 септември, истекува рокот за вакцинација на здравствените работници, кои ќе бидат суспендирани од работа доколку одбијат да ја примат вакцината.