Одбраната на Камчев бара од судот, како што рече денеска адвокатот Еленко Миланов, барем тој да биде пуштен во куќен притвор, иако, вели тој, Камчев треба да се брани од слобода со оглед на гаранцијата од имот во вредност од нешто над 1,7 миилиони евра и 200 000 евра во готовина што ја нуди пред судот
Ова е второ барање на Камчев за пуштање од притвор, откако за првото, минатиот месец, обвинителството даде негативно мислење затоа што дел од имотната гаранција од речиси пет милиони евра што тогаш ја понуди бизнисменот е во сопственост на неговата мајка Ратка Куновска-Камчева која, исто така, е обвинета во овој случај
Бизнисменот Орце Камчев по втор пат ќе се обиде да излезе од притвор и да се брани од слобода во случајот „Плацови на Водно“ со гаранција од речиси два милиони евра, соопшти денеска неговиот адвокат, Еленко Миланов.
Тој на прес-конференција објасни дека Камчев нуди имот вреден нешто над 1,7 милиони евра и 200 000 евра во готовина.
Одбраната на Камчев бара од судот, како што рече Миланов, барем тој да биде пуштен во куќен притвор, иако, вели тој, Камчев треба да се брани од слобода со оглед на гаранцијата што ја нуди пред судот.
Одбраната, исто така, смета дека обвинениетото за случајот е апсурдно, затоа што, соред Миланов, во обвинението меѓу другото, е приложена стара изјава во предистреажна постапка од поранешниот премиер Никола Груевски дадена во 2015 година за сомнежи што ги истражувало обвинителството, но за „злоупотреба на службената положба“ а не за „перење пари“, за што е обвинет Камчев.
Ова е второ барање на Камчев за пуштање од притвор, откако за првото, минатиот месец, обвинителството даде негативно мислење затоа што дел од имотната гаранција од речиси пет милиони евра што тогаш ја понуди бизнисменот е во сопственост на неговата мајка Ратка Куновска-Камчева која, исто така, е обвинета во овој случај.
Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милион евра (79 972 140 денари), а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно. Станува збор за земјиште на кое имало шума, а кое со промените во Генералниот урбанистички план (ГУП) било пренаменето во градежно. Покрај имотот на Водно, обвинението опфаќа и два стана во главниот град и две парцели во Крушево за кои обвинителството тврди дека се прекривал вистинскиот сопственик.
Груевски е обвинет за делата перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот. Камчев, неговата мајка, како и Новачевски и Јосифовиќ се товарат за перење пари, додека Мијалков е обвинет за помагање во делото перење пари.
Камчев речиси 4 месеци се наоѓа во притвор токму за овој предмет, а Мијалков е во Шутка за случајот „Трезор“ каде е неправосилно осуден на 8 години затвор. Со поднесувањето на обвинението, Јосифовиќ и Куновска-Камчева добија обврска да се јавуваат еднаш неделно во судот, а на мајката на Камчев ѝ беа одземени и македонскиот и бугарскиот пасош.
Судот тогаш одреди притвор и за Груевски, но со оглед дека тој е во бегство во Унгарија мерката за него би стапила на сила ако некогаш биде достапен за македонските органи.