Обединетите нации денеска соопштија дека се подготвуваат за можно иселување на половина милион луѓе од Авганистан до крајот на 2021 година
Гај Илстрен, новинар на „Вејл Њуз“, на својот Твитер профил објави видео снимено утрово по вчерашните напади на аеродромот во Кабул, на кое се гледа маса луѓе кои го „преплавиле“ аеродромот.
„Вака изгледа очајот. Толпи луѓе во близина на аеродромот во Кабул утрово, и покрај вчерашниот масакр. Велика Британија и САД предупредуваат на нови напади“,
напиша тој во описот на објавата.
This is how desperation looks like. Huge crowds at #Kabul airport this morning, despite yesterday carnage. US and UK warn from another attacks pic.twitter.com/GNgTDJDswv
— Guy Elster (@guyelster) August 27, 2021
Најмалку 110 луѓе загинаа во самоубиствени бомбашки напади во близина на аеродромот во Кабул. Меѓу жртвите има 13 американски војници, но и многу деца. Според последните информации, повредени се најмалку 140 Авганистанци и 18 американски војници. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот.
Пентагон денеска објави дека нападот го извршил само еден бомбаш -самоубиец, а не двајца, како што беше првично објавено.
Најмалку шест експлозии се случиле од синоќа до утро. Најсмртоносните беа првите две експлозии на влезот на аеродромот, проследени со експлозија на околу три километри од аеродромот, проследена со уште најмалку три експлозии.
Пукање се слушнало и денеска во близина на источната порта на аеродромот во Кабул, пренесува Ал Џезира, но засега не се познати други детали за пукањето.
Пола милион бегалци до крајот на годината
Обединетите нации денеска соопштија дека се подготвуваат за можно иселување на половина милион луѓе од Авганистан до крајот на 2021 година.

„Во моментов има хуманитарна вонредна состојба во Авганистан, и ова е очигледно навистина динамична ситуација“,
изјави заменичката на високиот комесар на УНХЦР, Кели Клементс, објаснувајќи дека УНХЦР планира акции за различни сценарија, вклучително и масовно иселување.
„Се подготвуваме за околу 50 .000 нови бегалци во регионот. Тоа е најлошото сценарио“,
рече таа.
Клементс особено ја нагласи потребата да се засили поддршката за соседните земји, кои веќе прифаќаат повеќе од 2,2 милиони авганистански бегалци и кои наскоро може да бидат сведоци на нов прилив.
