Бројката на утврдени кандидатури за 80 општини плус градот Скопје стигна до 50, а во дел од преостанатите општини се очекува социјалдемократите да поддржат кандидати на ДУИ
Уште петнаесетина кандидати за градоначалници на општини во земјава биле утврдени на синоќешната седница на Извршниот комитет на владејачкиот СДСМ. Според партиски извори, утврдени се 16 нови кандидатури, што ќе бидат објавени денеска.
Потврдените имиња засега не се соопштуваат, ама има информации дека меѓу нив има кандидати за уште две скопски општини – Карпош и Аеродром. Според информации на “360 степени“, во овие две општини СДСМ ќе настапи со нови имиња на овие избори, иако и досегашните градоначалници Стефан Богоев и Златко Марин беа во игра за уште една кандидатура.
Неофицијално, нов кандидат за Аеродром е поранешниот пратеник Александар Филиповски.
СДСМ досега објави 35 кандидати за градоначалници:
- Арачиново – Миликије Халими;
- Бутел – Велимир Смилевски;
- Богданци – Благојчо Шапов;
- Валандово – Перо Костадинов;
- Босилово – Зоран Зимбаков;
- Вевчани – Сашо Јанкоски;
- Виница – Ивица Димитров;
- Градско – Роберт Бешовски;
- Делчево – Горан Трајковски;
- Демир Капија – Лазар Петров;
- Дојран – Анго Ангов;
- Зелениково – Борче Гиевски;
- Карабинци – Јордан Насев;
- Кисела Вода – Филип Темелковски;
- Конче – Благој Илиев;
- Крушево – Томе Христоски;
- Маврово и Ростуше – Медат Куртовски;
- Лозово – Ацо Велковски;
- Новаци – Љубе Кузманоски;
- Охрид – Константин Георгиевски;
- Пехчево – Славчо Пауновски;
- Пробиштип – Драган Анастасов;
- Петровец – Елизабета Зеленикова;
- Ресен – Живко Гошаревски;
- Росоман – Стојан Николов;
- Старо Нагоричане – Жаклина Јовановска;
- Чашка – Горан Стојановски;
- Штип – Сашко Николов;
- Скопје – Петре Шилегов
- Неготино – Тони Делков;
- Гази Баба – Борче Георгиевски;
- Могила – Јасмина Гулевска;
- Берово – Звонко Пекевски;
- Ранковце – Даниел Крстевски.




Во дел од општините со мешан етнички состав, се очекува СДСМ да поддржи кандидати на коалицискиот партнер ДУИ, како што беше случај и на претходните локални избори во 2017 година. Со синоќешната селекција, бројката на утврдени кандидатури за градоначалници стигна до педесетина – пред изборите на 17 октомври, на кои ќе се избираат нови локални власти во 80 општини плус градот Скопје.