Со 88 проценти од возрасната популација што примила прва доза и 77 проценти со две дози, Велика Британија ги укина речиси сите ограничувања во средината на јули, дозволувајќи им на луѓето да се дружат, патуваат и да се вратат на работа во канцелариите
Велика Британија денеска регистрираше 174 смртни случаи од ковид-19, што е најмногу од 12 март, и уште 30 838 нови случаи на заразени.
Со 88 проценти од возрасната популација што примила прва доза и 77 проценти со две дози, Велика Британија ги укина речиси сите ограничувања во средината на јули, дозволувајќи им на луѓето да се дружат, патуваат и да се вратат на работа во канцелариите.
Додека многу луѓе се уште носат маски и работат од дома, дневните стапки на инфекција повтроно почнаа да растат. Дневниот број на случаи во последните седум дена се зголеми за 13,5 проценти во споредба со претходната недела.
Британија објави 705 смртни случаи минатата недела, што претставува зголемување од 8,8 проценти. Стапките на смртност се однесуваат на оние луѓе кои починале по позитивен тест за ковид-19 во последните 28 дена.
Иако дневните бројки се зголемуваат, тие сепак се многу под 1 000 смртни случаи дневно како што беше во екот на пандемијата.
Британската влада нареди набавка на дополнителни 35 милиони дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ кои би стигнале во втората половина на 2022 година, за заштита од коронавирусот и неговите видови „во наредните години“.
Британија е една од европските земји најтешко погодени од пандемијата со повеќе од 131 000 смртни случаи досега.