Тие разговарале и за тековните напори на дипломатскиот и воен персонал да ги евакуира своите граѓани
Американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон денеска телефонски разговараа за напредокот во евакуацијата на авганистанските граѓани, како и за претстојниот самит на Г7, соопшти Белата куќа.
„Претседателот Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон денеска разговараа за Авганистан. Тие разговараа за тековните напори на нашиот дипломатски и воен персонал да ги евакуира своите граѓани, локалниот персонал и другите ранливи Авганистанци”,
се вели во соопштението.
Се истакнува дека тие разговарале и за утрешните планови за виртуелна средба на лидерите од Г-7, нагласувајќи ја важноста од тесна координација со сојузниците и партнерите во решавањето на моменталната ситуација и формирање заеднички пристап кон политиката кон Авганистан.