Од Стејт департментот велат дека од безбедносни причини не се откриваат детали, но дека операциите за евакуација од Авганистан не се загрозени
Американскиот Стејт департмент неодамна бил цел на сајбер напад, на што предупредила командата за сајбер-одбрана на Пентагон.
Според извештајот на Пентагон, не е јасно кога е откриен упадот на хакерите, но се верува дека тоа се случило пред неколку недели, а исто така се тврди дека мисијата за евакуација во Авганистан не е загрозена од нападот.
Во моментов не е е познат степенот на нападот, ниту кој стои зад него, како ни напорите за неутрализација на нападот и каков е ризикот за операциите.
„Стејт департментот сериозно ја сфаќа својата одговорност за зачувување на податоците и континуирано презема чекори за да обезбеди заштита на информациите. Од безбедносни причини, во моментов не можеме да разговараме за природата или степенот на наводните безбедносни инциденти“,
изјави портпаролот на Стејт департментот за Фокс Њуз.
Последен пат кога Стејт департментот објави дека се случил хакерски напад беше на поетокот на оваа година, кога беше „интервенирано“ во биографијата на тогаш се уште актуелниот претседател Доналд Трамп.