Меџит Рамуша од Движењето за демократија рече дека со оваа симболична акција тие изразуваат незадоволство од последните настани, особено постапките на Еди Рама, како и неговите контакти со српскиот претседател
Активисти на Движењето за демократија денеска одржаа симболичен протест против иницијативата „Отворен Балкан“ пред владината зграда во Тирана.
Пред Владатата, активистите поставија билборд со слики, меѓу кои и таа на која албанскиот премиер Еди Рама се ракува со српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесуваат албанските медиуми.

Меџит Рамуша од Движењето за демократија рече дека со оваа симболична акција тие изразуваат незадоволство од последните настани, особено постапките на Еди Рама, како и неговите контакти со српскиот претседател.
„Го изразивме нашето незадоволство од премиерот на Албанија, Еди Рама, за неговите врски со Вучиќ, српскиот криминалец кој изврши масакри на Косово и ги презентиравме сите факти за неговите врски со Милошевиќ. Се спротивставуваме и на неговата иницијатива за ‘Отворен Балкан’“,
рече тој.