Вакцината „спутник В“ беше сертифицирана во Русија на 11 август 2020 година и стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот
Руската вакцина „спутник В“ против ковид-19 во моментов поминува низ правна процедура за да добие одобрение од Светската здравствена организација (СЗО), соопшти помошникот директор на СЗО, Маријангела Симао.
Таа рече дека процесот е во тек, како и одредени законски процедури.
Вакцината „спутник В“ беше сертифицирана во Русија на 11 август 2020 година и стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.
Руската вакцина досега е регистрирана во 69 земји во светот.
Русија во јуни објави дека очекува Светската здравствена организација (СЗО) да ја одобри вакцината „спутник В“ во следните два месеца.
Во меѓувреме и Европската агенција за лекови започна испитувања за одобрување на руската вакцина.