Според висок функционер на кинеското МНР, досега се доставени 770 милиони дози на повеќе од 100 земји и меѓународни организации
Кина им достави 770 милиони дози вакцини против ковид-19 на повеќе од 100 земји и меѓународни организации, изјави високиот функционер на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Сијаолунг.
„Вакцините беа дадени на повеќе начини, вклучително и донации, извоз и заедничко производство, што ги користеа стотици милиони луѓе ширум светот“,
изјави за меѓународните медиуми Ванг Сијаолунг, генерален директор на Одделот за меѓународни економски прашања при кинеското МНР, како што пренесува МИА.
На првиот состанок на Меѓународниот форум за соработка во областа на вакцинација против ковид -19, кинескиот претседател Си Џинпинг, во писмена порака, посочи дека Кина ќе се стреми да обезбеди две милијарди дози вакцини за светот во текот на годината и ќе понуди 100 милиони долари за КОВАКС механизмао,т за да се обезбеди еднаков пристап до вакцините против ковид-19.
„Ова ветување значи дека Кина е подготвена да обезбеди ефикасни и безбедни вакцини за речиси 10 проценти од светското население надвор од земјата, а во исто време да ги задоволи домашните потреби за вакцинација“,
рече Ванг.
Тој рече дека првата серија помош во вакцини беше обезбедена на 1 февруари 2021 година, додавајќи дека за многу земји во развој кинеските вакцини биле првата серија вакцини што ги примиле, а исто така и единствените што подолг период им биле на располагање.
