Патролата веднаш почнала да го гаси пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и нискостеблеста вегетација
Шеесет годишен жител на Дебар е приведен, поради сомнение дека предизвикал пожар. Тој бил затекнат кај опожарена нива во село Бомово.
Вчера околу 18.30 часот, во Одделението за внатрешни работи Дебар бил приведен Б.М. кој претходно, од патрола составена од полициски службеници, во содејство со Противпожарна единица и припадници на Шумската полиција од Дебар, бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово.
Патролата веднаш почнала да го гаси пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и нискостеблеста вегетација.
„Во координација со Јавен обвинител, тој е задржан во полициската станица и против него ќе биде поднесена пријава во врска со членот 227 за предизвикување шумски пожар од Кривичниот законик“,
велат од МВР.