Резултатите покажуваат дека вакцинираните луѓе имаат помала веројатност да го пренесат вирусот од невакцинираните бидејќи количеството на вирусот во нивното тело е помало
Целосно вакцинираните лица во Англија имаат трипати помала веројатност да бидат позитивни на ковид-19 отколку невакцинираните, наведува најновото британско истражување, објавено денеска.
Истражувањето го спровеле научниците од Кралскиот колеџ во Лондон меѓу 98 233 тестови за коронавирус во перидоот од 24 јуни до 12 јули.
Вкупно 0,63 проценти од тестовите биле позитивни (или 1 на 158), при што процентот на позитивни кај невакцинираните изнесува 1,21 насто и кај целосно вакцинираните 0,4 проценти.
Резултатите покажуваат и дека вакцинираните луѓе имаат помала веројатност да го пренесат вирусот од невакцинираните луѓе, бидејќи количеството на вирусот во нивното тело е помало.
Меѓутоа, некои британски функционери и научници повикуваат на внимателност откако владата на 19 јули ги олесни сите рестриктивни мерки, вклучувајќи го и укинувањето на задолжителното носење маски во одредени затворени простории.
Документ на американската Влада што „протече“ минатата недела предупредува дека инфекциите кај целосно вакцинираните луѓе не се толку ретки како што се мислеше и дека вакцинираните луѓе лесно можат да го пренесат вирусот.
Пол Елиот, професор во Одделот за јавно здравје на Империјалниот колеџ и директор за истражување, вели дека резултатите „ги потврдуваат нашите претходни податоци што покажуваат дека двојната доза на вакцината обезбедува добра заштита од инфекција“.
„Меѓутоа, исто така, ние можеме да видиме дека сè уште постои ризик од инфекција, бидејќи ниту една вакцина не е 100 процентно ефикасна и знаеме дека некои луѓе со двојна вакцинација сè уште можат да го добијат вирусот. Значи, дури и со олеснување на ограничувањата, сепак, треба да дејствуваме со претпазливост за да се заштитиме едни со други и да ја спречиме стапката на инфекции“,
рече тој.
По олабавувањето на мерките дојде до намалување на бројот на дневни случаи на заразени регистрирани од Министерството за здравство на Обединетото Кралство. Овој тренд ги изненади експертите кои предвидоа големо зголемување на бројот на заразени.