Неколку часа по нападот, актуелниот министер за одбрана, Мисмилах Мохамади, на социјалните медиуми постираше видео во кое изјави дека неговиоот дом бил цен на напад на терористи, но дека тој и неговото семејство се безбедни
Најмалку осум лица загинаа во нападот врз домот на в.д. министерот за одбрана во Кабул, соопшти денеска авганистанското Министерство за внатрешни работи, пренесе ДПА.
Најмалку уште 20 лица се ранети кога доцна синоќа возило наполнето со експлозив беше активирано во близина на домот на министерот во кабулската населба Ширпур.
Пет вооружени лица по експлозијата влегле во резиденцијалните објекти и се впуштиле во престрелка со авганистанските специјални сили.
„Нападот заврши околу пет часа подоцна, откако припадниците на безбедносните сили ги убија сите напаѓачи“,
изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Мирвејс Станекзаи.
Бројките за жртви подлежат на мали промени бидејќи истражните тимови сè уште работеа на местото, додаде Станекзаи, пренесе ДПА.
Неколку часа по нападот, актуелниот министер за одбрана, Мисмилах Мохамади, на социјалните медиуми постираше видео во кое изјави дека неговиоот дом бил цен на напад на терористи, но дека тој и неговото семејство се безбедни.
„За жал голем број од моите телохранители се ранети,
додаде тој.
Талибанците презедоа одговорност за нападот на домот на министерот, во Кабул нови експлозии
Талибанците презедоа одговорност за синоќешниот напад на резиденцијата на актуелниот авганистански министер за одбрана во Кабул, во кој осум лица загинаа, а над 20 се повредени. Портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, рече дека групата синоќа ја нападнала резиденцијата на министерот за одбрана, Бисмилах Кан Мохамади, додавајќи дека таму во тоа време се одржувал важен состанок.
Авганистанскиот министер не бил во својот дом кога беше активирана автомобил-бомба и се разви престрелка во близина на неговата резиденција во утврдената „Зелена зона“ во Кабул. Неговото семејство беше безбедно евакуирано, додека четворица напаѓачи се меѓу осумте жртви во неколкучасовниот конфликт што следеше .
Овој потег доаѓа откако талибанците ја засилија кампањата за пораз на владата поддржана од САД, откако странските сили предводени од САД го завршија повлекувањето од регионот по 20 години воено присуство. Неколку часа подоцна одекнаа нови експлозии во главниот град на Авганистан. Утрово се ранети најмалку три лица во експлозија на мина поставена покрај пат. Во нападот се повредени двајца цивили и еден припадник на безбедносните сили.