Двајцата починати пациенти се на возраст над 60 години. Починале во болнички услови
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19.
Најмногу случаи се регистрирани во Скопје – 16, веднаш потоа е Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.
Регистрирани сe 17 оздравени пациенти. Починале двајца пациенти, еден од Скопје и еден од Кичево, на возраст над 60 години. И двајцата се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 971.395 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.299 бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456.