Премиерот на Албанија, Еди Рама, во својот говор на Економски форум за регионална соработка, одговори на критиките на оние на кои иницијативата им наликувала на создавање на некаква нова, Голема Југославија. Рама смета дека тие што тоа го говорат живеат во паралелен свет.

„Кој и да каже дека тоа е иницијатива проектирана во подрумите на поранешна Југославија, за пак да се формира некаква Југославија во која Србија ќе биде хегемон и ќе ни земе се греши – тој, како прво, живее во паралелен свет. Второ, живее за политика која сака да им се пикне под кожата на граѓаните, а не мисли за зголемување на нивната благосостојба и зајакнување на мостовите меѓу луѓето. Трето, заборава дека ако започнеме вака, тогаш мора да кажеме дека ЕУ е, исто така, голема Југославија. Ако Европската Унија е голема Југославија, да – ова е мала Југославија. Но, всушност, не. Ова не е ниту повеќе ниту помалку, туку создавање простор што живее според принципите, вредностите и механизмите на ЕУ, додека секоја од земјите прави напори за членство во ЕУ“,
рече Рама,