Откако беше објавено дека Северна Македонија во следните пет дена ќе биде зафатена од високи температури во портокалова фаза, од министерствотото за здравство потсетуваат на што треба да се внимава во ваква ситуација за граѓаните да си го заштитат своето здравје.
1. Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред сé климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.
2. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.
3. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.
4. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
5. При влегување во возило, потребно е истото тоа одреден период да се проветри.
6. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.