Министерството за здравство на Израел денеска соопшти дека регистрирани се околу 2 000 новозаболени со ковид-19, што е најмногу во едно деноноќие за првпат од март.
За споредба, во екот на третиот бран на инфекција во јануари, имаше околу 1 200 новозаболени лица на ден.
Според Министерството за здравство, 10 отсто од оние кои биле позитивни на ковид-19 во понеделникот пристигнале од странство.
И покрај апелите на владата да не се патува непотребно, меѓународниот аеродром во Израел „Бен Гурион“ е полн со патници.
Министерот за здравство, Никан Хоровиќ денеска го повтори повикот на премиерот на Израел, Нафтали Бенет, што побрзо да се вакцинираат сите оние кои досега не го сториле тоа. Во Израел, повеќе од 5,3 од 9,3 милиони луѓе се целосно имунизирани.
Хоровиќ исто така рече дека Министерството размислува дали да им даде на постарите граѓани трета доза вакцина против Ковида – 19, и покрај фактот што нема податоци од производителите за клинички испитувања. Израел во моментов им дава трета доза на луѓето чиј имунолошки систем е ослабен.